Зидан по дебаклот во Париз ептен го налутил Перез


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Реал Мадрид беше декласиран во Париз против ПСЖ со 0-3 во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

„Кралевите“ доживеаа вистински дебакл, зашто немаа ниту удар во рамки на голот на противникот, а по мечот Зинедин Зидан решил да им даде одмор на сите фудбалери.

Токму тој потег бил повод за незадоволство кај претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, кој е разочаран од Зидан, во кој имаше надеж дека ќе го врати клубот на победничките патеки.

Во моментов се шпекулира за замена на Зидан, а пораз во следното коло против Севиља би можел да значи отказ или во најдобар случај засилување на шпекулациите и поголем притисок врз Зидан.