Зидан попушти, но што треба да се случи за да го преземе Манчестер јунајтед?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските медиуми шпекулираат дека Оле Гунар Солскјер е блиску до отказ, па би можел да ја загуби работата до крајот на месецот, а како негова замена се споменува Зинедин Зидан.

Сепак, многумина сметаат дека Зидан би бил коцка, затоа што никогаш не водел тим надвор од Шпанија.

Покрај тоа, и понатаму постои сомнеж во промената на Солскјер затоа што Ед Вудворд не сака да го заврши мандатот со смена на тренерот на кој му даде договор до 2024 година.

Коментарите во медиумите се дека Зидан ќе победи против конкуренцијата за тренерската позиција, а за да дојде во Манчестер ќе бидат потребни и други услови кои треба да се исполнат.

Еден од нив е да му се гарантираат засилувања, но и договори за останатите важни фудбалери.