Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Зинедин Зидан би можел да стане по трет пат тренер на Реал Мадрид, откако шпанските медиуми објавија дека поставил четири услови до раководството на екипата.
Првиот услов кој го поставил Французинот бил да се ангажира Килијан Мбапе, а исто така барал засилување на позицијата лев бек каде што сега игра Ферланд Менди.
Другите два услови се однесуваат на Лука Модриќ и Тони Крос. Тренерот наводно го замолил Флорентино Перез да ги задржи искусните играчи во екипата.
Модриќ и Крос имаат договори до јуни 2024 година, а тоа значи дека од јануари ќе можат слободно да преговараат и со други тимови.