Зидан потврди: Сакам да ја тренирам Франција, а за ПСЖ има време!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот француски фудбалер Зинедин Зидан во специјално интервју за „Л’Екип“ на својот 50. роденден кажа дека сака да биде селектор на неговата татковина.

Француските медиуми долго време шпекулираат дека Зидан ќе го наследи Дидие Дешам на кормилото по Мундијалот во Катар.

„Секако дека сакам да бидам селектор, а се надевам дека ќе ми се оствари сонот. Дали ќе го наследам Дешам? Не знам, но ако се случи тоа, тогаш така требало да биде“, вели Зидан.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид кажа дека би го тренирал и ПСЖ, меѓутоа има време, па не отфрли можност да седне на клупата на парижаните во иднина.