Зидан повторно ги изненади сите: Французинот испраќа две ѕвезди на трибините!?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва играат пред домашните навивачи против Клуб Бриж во мечот од второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Реал Мадрид во првото коло доживеа тежок пораз на гостувањето против ПСЖ, кој ги совлада со 3-0, додека Клуб Брижодигра 0-0 на домашен терен против Галатасарај.

Јасно е дека „кралевите“ вечерва се големи фаворити во мечот, а тренерот Зинедин Зидан направи чуден потег пред натпреварот.

Французинот го објави списокот со фудбалери на кои ќе смета вечерва, а на изненадување на многумина, две ѕвезди вечерва нема да гледаме на „Сантијаго Бернабеу“.

Зидан решил вечерва да не смета на услугите на Герет Бејл и Хамес Родригез.