Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпански „АС“ пишува дека Реал Мадрид е заинтересиран за фудбалерот на Севилја, Пабло Сарабија, кој одигра одлична сезона и постигна 23 гола и 17 асистенции во сите натпреварувања, во Ла Лига имаше 13 асистенции, колку и Лионел Меси.
Сарабија поради тоа е мета на голем број европски клубови, а има уште една година од својот договор со Андалузијците и откупна клаузула од 18 до 22 милиони евра.
Реал сака да го искористи токму тоа, па би можеле да добијат квалитетен фудбалер за само 20-на милиони евра.
Сарабија е заинтересиран за преселба во Мадрид, но сега на потег се „кралевите“, кои треба да испратат понуда до 27-годишниот фудбалер, а според медиумот тоа ќе биде многу добар потег.