Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан реши да го прекине одморот и да се врати на работа, а веќе се поврзува со два тима.
„Кралскиот клуб“ е една од опциите за Зидан, но за неговите услуги е заинтересиран и ПСЖ кој игра ужасно во последно време под водство на Кристоф Галтие.
Реал Мадрид веќе некое време размислува за наследник на Карло Анчелоти, а се шпекулираше дека таа позиција ќе ја преземе Јулијан Нагелсман, но сега во целата приказна се појави Зидан.
Зидан веќе преговараше со ПСЖ минатото лето, но тогаш не се договори со „светците“, па останува да видиме дали овој пат управата на францускиот гигант ќе го убеди да се пресели во Париз.