Зидан призна дека очекува многу промени во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зинедин Зидан во разговор за медиумите пред натпреварот со Легањес кој на програмата е утре призна дека клубот ќе прави некои измени во составот во летниот преоден рок.

Реал Мадрид во последно се поврзува со многу фудбалери, а последната шпекулација која дојде беше дека Лука Јовиќ ќе биде првиот играч кој ќе слета во Мадрид.

„Сите мои играчи се важни и добри, но ние ќе правиме измени. Овде има многу фудбалери кои може да донесат пари во клубот. Промените ќе се дознаат по крајот на оваа сезона. Ќе видиме кои промени ќе ги направиме и кои фудбалери ќе ги промениме“- истакна Зинедин Зидан.