Зидан проговори за евентуалното заминување на Варан

Тренерот на Реал Мадрид ги отфрли шпекулациите кои го поврзуваа Рафаел Варан со трансфер надвор од кубот.

Во последно Французинот се поврзуваше со заминување од клубот, а медиумите веќе го преселија во Манчестер Јунајтед.Сепак, ваквите најави брзо беа демантирани лично од Зинедин Зидан.

„Не можам да ја замислам иднината без Варан и навистина не ни сакам да мислам на тоа. Тој е млад фудбалер, овде е осум години и навистина добро му оди. Најважно е тоа што ми го кажува играчот, а засега тој е во најдобриот клуб во светот и мислам дека ова е добро место за него“ –заклучи Зидан.