Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид лесно го „подготвува теренот“ за летото кога во овој клуб се очекуваат големи промени што се однесува до играчкиот кадар.
Зинедин Зидан се одлучи да се врати на клупата на кралскиот клуб за да им помогне повторно да се вратат на врвот бидејќи оваа сезона е една од најлошите во изминатите десет години.
Францускиот стратег, го прифати повикот на Флорентино Перез, но јасно даде до знаење дека мора да му се осигура за следниот преоден рок голема сума на пари бидејќи е јасно дека мора да направи комплетна реконструкција во екипата.
На Реал му се потребни засилувања речиси на секоја позиција, а сигурно дека ќе има и доста заминувања од „Бернабеу“. Зидан порача дека му е потребно и засилување во нападот, односно напаѓач кој може да „ускокне“ некогаш наместо Карим Бензема.
Но, Кралевите тука не мораат да трошат пари бидејќи на позајмица го имаат Раул де Томас кој игра одлично оваа сезона во Рајо Валекано. Овој 24-годишен фудбалер постигна 13 погодоци во Ла Лига оваа сезона и сигурно привлече внимание кон себе.
Мадридски АС пренесува дека Зидан е одлучен да му пружи шанса следната сезона, но јасно е дека Де Томас прво мора да се помири со фактот дека ќе биде резерва на Бензема.
Зидан на располагање го има и Мариан Диаз кој латово пристигна од Лион, но големи се шансите ова лето тој да го напушти клубот.