Зидан против Виљареал ќе игра со состав кој не би завршил во топ-5 во Ла Лига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот Зинедин Зидан никогаш не се соочувал со вакви проблеми. Екипата од Мадрид замина за Вилјареал каде што ќе игра со ослабен состав.

Во екипата ќе ги нема Серхио Рамос, Милитао и Касемиро, кои направија тестови и не се сигурни во резултатите, Јовиќ е позитивен, Валверде и Одриозола се повредени, а Бензема е изморен.

Охрабрување е тоа што се враќа Азар, но нема напаѓач, па затоа во нападот ќе почне Маријано, на кого никој не му верува, а позади ќе биде Одегард, кој ретко добиваше шанса.

Куртоа е на голот, лево ќе биде Менди, но во екипата ќе настапат и Васкез, Модриќ и Крос, кои ќе се обидат да ја стабилизираат средината од теренот. Шпанските медиуми пишуваат дека овој тим нема лидер и тешко дека би завршил во топ-5, кога би требало да игра на секој натпревар.