Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми синоќа ги вознемирија навивачите на Реал Мадрид со објавата дека Зидан повторно може да го напушти Кралскиот клуб.
Зидан го напушти Реал минатото лето после три последователни титули во ЛШ, но се врати на клупата пред неколку месеци кога Реал доживеа неверојатен пад.
Меѓутоа, шпанските медиуми веќе шпекулираат околу тоа дека Зидан би можел повторно да го напушти клубот, бидејќи наводно не е среќен поради атмосферата која владее во клубот, но и во соблекувалната.
Мадридски Ас објави дека Зидан имал разговор со Перез и открил дека сеуште има големи проблеми во тимот и дека не треба да се очекуваат оваа сезона некои спектакуларни резултати.
Секако ова не му се допаднало на Перез, бидејќи тој сака неговиот тим секогаш да е на врвот. Наводно, Перез му порачал на Зидан дека слободно може да го напушти клубот доколку не е среќен и замена за него сигурно брзо би пронашол.
Со Реал веднаш почна да се поврзува Жозе Мурињо кој веќе девет месеци е без клуб откако доби отказ во Манчестер ЈУнајтед.
АС пренесува дека Мурињо веројатно ќе се врати во Реал доколку Зидан ги шокира сите и повторно го напушти клубот.