Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот тренер Зинедин Зидан се поврзуваше со преселба на кормилото на Манчестер јунајтед, откако Ерик Тен Хаг ги разочара навивачите и управата на премиерлигашот.
Зидан се јави по шпекулациите во медиумите и кажа дека такво нешто нема да се случи, односно нема да стане тренер на „црвените ѓаволи“.
„Јазикот е главна причина поради која не можам да бидам тренер било каде. Јас разбирам англиски, но не го владеам целосно. Знам дека има тренери кои одат во тимови без да го зборуваат јазикот, но јас функционирам поинаку“, кажа Зидан. Французинот претходно го тренираше Реал Мадрид и освои неколку титули.