Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан му се налути на неговиот колега од редовите на Барселона, Роналд Куман, кој јавно ги критикуваше судиите дека му даваат предност на тимот од Мадрид.
Многу бура предизвика детал од мечот меѓу Еибар и Реал Мадрид во кој Серхио Рамос играше со рака, а во Барселона се лути затоа што не бил досуден пенал, а тоа го искоментира и Куман.
Зидан не можеше да ја премолчи провокацијата од Каталонија, па реши брутално да му одговори на Куман.
„Ми пречи тоа што зборува така. Никогаш не се мешам во судиската работа. Зборовите на Куман не сакам да ги коментирам затоа што размислувам само на Гранада. Вистина е дека има многу приказни кога ќе се случи нешто во наш меч дека судиите се на наша страна, но тешко е воопшто да се зборува за такво нешто“, вели Зидан.
💣💥 ZIDANE CONTESTA A KOEMAN:
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) December 22, 2020
🤬 “Me molesta porque yo nunca
me meto con los árbitros”.
Nos vemos a las 15:12 en #JUGONES. pic.twitter.com/dfWRAumltQ