Зидан се огласи по шпекулациите дека Бејл го напушта Реал Мадрид

Англиските медиуми денеска објавија сензационална вест дека ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл ќе се врати во својот поранешен клуб Тотенхем и дека тоа ќе биде трансфер-бомба на денот, но очигледно такво нешто нема да се случи.

„Скај Спортс“ ги следи сите актуелности поврзани со иднината на репрезентативецот на Велс, а по шпекулациите во останатите медиуми се огласил и тренерот на шпанскиот гигант, Зинедин Зидан, кој порачал дека таков трансфер нема да се случи денеска.

„Герет е со нас тука и јас сметам на него. Ја исклучувам целосно оваа опција“, порачал Зидан на прашањето на новинар од „Скај Спортс“.