Зидан се огласи по шпекулациите за неговата иднина во Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан даде коментар во јавноста по шпекулациите кои го поврзуваа Французинот со заминување од тимот.

„Не сум заинтересиран за тоа што се зборува надвор од клубот, денот кога ќе обрнам внимание на тоа што е во медиумите е денот кога ќе си заминам.

Чувствувам дека сум во силна позиција и никогаш нема да се откажам. Ќе продолжам да се обидувам до последната минута во која сум во клубот, затоа што клубот ми даде шанса да продолжам. Не чувствувам притисок воопшто“ –истакна Зидан.