Зидан се откажа од Погба и сега тргна по потписот на талент од Ајакс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според шпанските медиуми, Зинедин Зидан се откажал од Пол Погба, кој е блиску до враќање во Јувентус, па францускиот стратег ќе се обиде да го ангажира Дони ван де Бек.

Младиот фудбалер минатата сезона играше фантастично, па привлече интерес од многу гиганти, меѓу кои и „кралевите“, кои ќе се обидат да го купат летово.

Ајакс бара за неговите услуги меѓу 50-60 милиони евра, а според шпанските медиуми Реал Мадрид е подготвен да плати колку што е потребно за Ван де Бек.

Да потсетиме, Реал Мадрид летово ангажираше пет нови фудбалери, па во клубот пристигнаа Родриго, Едер Милитао, Лука Јовиќ, Еден Азар и Менди.