Зидан се скара со Марсело, но тоа не било причина зошто не играше против Гранада?


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Реал Мадрид ја продолжи трката за титулата во шпанската Ла Лига откако славеше вчера против Гранада со 4-1 и така му дише во врат на Атлетико Мадрид.

Зинедин Зидан сака да ја освои повторно Ла Лига, а за тоа не е во пол-позиција бидејќи градскиот ривал има два бода повеќе пред крајот на сезоната.

„Ќе се бориме до крајот. Имаме уште два меча, а ние ќе дадеме максимум на теренот. Марсело не играше против Гранада затоа што е повреден и не сакавме да ризикуваме“, објасни Зидан.

Шпанските медиуми објавија вчера дека Зидан го избркал Марсело од тренингот, затоа што Бразилецот имал замерки на неговите наредби на тренингот, но очигледно тоа не била причината зошто не играше искусниот фудбалер.