Зидан се враќа на кормилото на Реал Мадрид?


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Новинарот Хозе Алварез објави дека меѓу кандидатите за нов тренер на Реал Мадрид е францускиот стратег Зинедин Зидан кој и претходно беше на кормилото на шпанскиот клуб.

Алварез објави дека екипата веќе почнала преговори со Зидан, кој би можел да помогне во ангажирање на Килијан Мбапе од ПСЖ.

„Реал Мадрид има веќе неколку опции за нов тренер доколку Анчелоти си замине на крајот на сезоната. Зидан е најсериозна опција затоа што тој ќе го донесе бапе во Мадрид“, објави Алварез.

Зидан досега со „кралевите“ три пати ја освои Лигата на шампиони, два пати Ла Лига, Суперкупот на Европа, Суперкупот на Шпанија и Светското клупско првенство.