Зидан се враќа на работа: Ги наполнив батериите

Францускиот тренер Зинедин Зидан долго време се поврзуваше со кормилото на француската репрезентација, но таа идеја пропадна откако нов договор потпиша Дидие Дешам.

Зидан, по две години пауза, вели дека е подготвен за нов тренерски ангажман, иако нема да ја преземе репрезентацијата на Франција.

„Тренерската работа е напорна, по одредено време треба да направите пауза. Јас веќе направив два пати. Секој тренер е одговорен за 23 фудаблери и никогаш не се одмора. Сега уживам во животот и понекогаш мора да се вратите чекор назад. Сепак, ги наполнив батериите и се чувствувам одморено. Подготвен сум за нов предизвик“, кажа Зидан.