Зидан се жали поради судиите: Лут сум, не можам да ги разберам…


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше лут по ремито со Севиља (2-2) во 35. коло од шпанската Ла Лига.

Дуелот на „Алфредо Ди Стефано“ во 74. минута го одбележа една чудна ситуација, кога судијата Хозе Луис Мануера Монтеро досуди пенал за „кралевите“, а по консултација со ВАР, реши да покаже на белата точка за Севиља.

Хрватот Иван Ракитиќ погоди од пенал за 2-1, а бод на „кралевите“ им обезбеди Еден Азар во четвртата минута од судиското надополнување.

„Не разбирам ништо. Ако Милитао играше со рака, тогаш и гостите имаа ист момент. Не ме убеди тоа што ми го кажа судијата. Никогаш не зборувам за судењето, но денеска сум лут. Меѓутоа не може ништо да промениме. Среќни сме со својата игра, но заслуживме повеќе“, вели Зидан.

Зидан најави и дека Реал ќе се бори до крајот на сезоната за титулата, а за тоа ќе им бидат потрени три победи.