Зидан со апел до Реал Мадрид: Купете го додека не потпишал за Ливерпул


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Француската легенда Зинедин Зидан има совет до неговиот поранешен клуб за идно засилување на Реал Мадрид.

Лени Јоро е еден од најбараните фудбалери во летниот преоден рок, а голем интерес за неговиот потпис покажа Ливерпул.

Ливерпул веќе почнал преговори и сака да го купи, па поради тоа Зидан ги советува „кралевите“ да го комплетираат неговиот трансфер пред големиот ривал.

Флорентино Перез не е подготвен да плати 50 милиони евра, меѓутоа по апелот на Зидан можеби ќе се премисли и ќе го ангажира младиот дефанзивец.