Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан инсистира дека Винисиус Жуниор е иднината на шпанскиот гигант.
Зидан сезонава му верува на 19-годишниот Бразилец, кој постигна четири гола во сите натпреварувања досега.
Жуниор стигна во „кралскиот клуб“ за 45 милиони евра во 2018 година од Фламенго и како што делува во моментов, Бразилецот се избори за место во тимот.
„Имам 23 фудбалери и морам да сметам на сите. Винисиус е иднината на Мадрид, тоа е сигурно.но, секој фудбалер мора да помине одредено време на прилагодување и тој е во процесот. Некогаш нема да игра, зашто ќе мора друг да настапи на негово место. Па поради тоа престанете да зборувате дека не смета на Винисиус, зашто тоа не е вистина“, порача Зидан.