Зидан уште еднаш зборуваше за Азар и повторно ги разгоре шпекулациите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги разгоре шпекулациите за евентуален трансфер на Еден Азар во „кралскиот клуб“ за време на летниот преоден рок.

Со денови се зборува дека Белгиецот ќе е прва трансфер мета на Реал Мадрид во летниот преоден рок, а сега Зидан дополнително ги вжешти страстите со една изјава по која го пофали Азар.

„Азар е играч кој отсекогаш сум го ценел. Го гледав многу додека играше во Франција, тој е фантастичен фудбалер“ –кратко изјави Зидан.