Зидан во друштво на величествените


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Французинот е нов на листата на тие кои Суперкупот на Европа го освојувале како играч и како тренер.

Реал Мадрид синоќа ја совлада Севиља во Суперкупот на Европа со резултат 3:2, што за Зидан е втор трофеј кралскиот клуб после Лигата на шампионите.

Истотака, Зидан после Диего Симеоне (Интер, Атлетико Мадрид), Карло Анчелоти (Милан, Реал Мадрид), Луис Енрике (Барселона) и Пеп Гвардиола (Барселона), петти кој овој трофеј го освои и како играч и како тренер.

Интересно, дека баш сите овие имиња моментално се меѓу најдобрите на светот во овој момент, да речеме дека тука уште фали Жозе Мурињо, Јирген Клоп…

Покрај тоа, Зидан истотака е во друштвото на тие кои како тренер и играч ги освоиле ЛШ и Суперкупот на Европа, а тука уште се Јохан Кројф, Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти.