Зидан во проблеми пред Атлетик Билбао, отпаднаа важни фудбалери!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денеска за Реал Мадрид пристигнаа две лоши вести. Една е дека Рафаел Варан уште не е рехабилитиран од повредата и нема да игра во недела против Атлетик Билбао, а другата пристигна за Тонис Крос, кој бил во контакт со заразено лице и мора да оди во карантин.

Германецот не може да му помогне на Зинедин Зидан за тој натпревар, а од претходно се повредени Карвахал, Лукас Васкез, Серхио Рамос и Менди, па Французинот ќе мора повторно да го „крпи“ тимот.

Се очекува Крос да биде заменет од Валверде во средината на теренот, а тоа значи дека Алваро Одриозола се враќа на позицијата десен бек.

„Кралевите“ мора да го победат Атлетик Билбао и да се надеваат на кикс на Атлетико Мадрид, кој игра против Осасуна.