Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан прифати дека неговата позиција како главен тренер ќе биде сериозно загрозена ако клубот не се избори за плејоф во Лигата на шампиони (ЛШ).
Зидан се спаси со победа на гостувањето кај Севилја минатиот викенд, но утре е меч на одлука. Тие ја очекуваат Борусија Дортмунд во последното коло од групната фаза.
„Клубот ќе го направи тоа што мора, како и секогаш. Во моментов размислувам за утрешниот меч и не мислам за отказ. Минатото е минато, најважна е сегашноста и иднината. Тоа е меч во кој тимот ќе го покаже својот карактер. Убеден сум дека на крајот ќе бидеме добри“, кажа Французинот.
Претходно и Касемиро најави дека Германците треба да се плашат затоа што Реал оди на победа.