Зидан зборуваше за Рамос, па згрме пред новинарите: Ќе ја одбранам титулата!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан пред дуелот против Уеска зборуваше за неколку теми кои се важни за актуелниот шампион.

Зидан вети дека ќе се бори до крајот на сезоната за највисоки резултати, а потоа и за заминувањрто на Мартин Одегард.

„Сакаше минути. Имавме два-три разговори. Тоа беше негова одлука, но можеше да остане“, кажа Зидан.

Зидан беше убеден и дека Реал ќе најде заеднички јазик со Серхио Рамос.

„Ќе се бориме до крајот да ја одбраниме титулата која ја освоивме минатата сезона. Не пред 10 години. Минатата година! Доколку сакате нов тренер, тоа е ваша желба, но јас ќе ја одбранам титулата“, кажа Зидан.