Зидан знае кој ќе седне на клупата на Реал Мадрид еден ден

Зинедин Зидан го посочи тренерот кој во иднина со сигурност ќе го води Реал Мадрид.

Актуелниот стратег на „кралевите“ се мачи да го извади тимот на прав пат, но и покрај слабите резултати на почетокот се уште е меѓу главните фаворити за освојување на ЛА Лига.

Французинот предвидува дека неговиот поранешен согирач, Раул, еден ден со сигурност ќе го води Реал Мадрид.

„Играв заедно со него и секогаш беше важен играч на овојпрекрасен клуб. Сигурен сум дека еден ден ќе го тренира Реал Мадрид“ –изјави Зидан на 25 годишнината од дебито на Раул за Реал Мадрид.