Зиелински одбил 15 милиони евра годишно од С. Арабија за да остане во Наполи

Пјотр Зиелински не сака да замине во Ал Ахли од Саудиска Арабија, иако тимот му понуди 15 милиони евра годишно.

Зиелински ја одбил понудата од С. Арабија и почнал преговори за нов договор со Наполи, па се очекува да стави потпис на соработка која ќе трае до 2027 година.

Засега не е познато зошто полскиот фудбалер ја одбил понудата од С. Арабија бидејќи таа беше трипати поголема од тоа што ќе го добие во Наполи.