Зијех по една година го напушта Челси и се сели во Милан!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хаким Зијех минатото лето стигна како големо засилување за Челси од Ајакс, но не се покажа најдобро во премиерлигашот и не ги оправда парите кои беа вложени во неговиот трансфер.

Овој 28-годишен фудбалер пристигна во Челси за 40 милиони евра и потпиша договор до 2025 година, но најверојатно ќе си замине многу порано од освојувачот на Лигата на шампиони.

Зијех не играше премногу во тимот откако пристигна Томас Тухел на кормилото на клубот и покажа желба да замине летово од „Стемфорд бриџ“.

Искусниот фудбалер одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, а постигна шест гола и четири асистенции, но голем дел од тие дуели ги почна од клупата за резервни играчи.

Во италијанските медиуми се појавија шпекулации дека следна дестинација на Зијех ќе биде Милан, кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони.