Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хаким Зијеш беше на праг да потпише за ПСЖ, откако ги договори сите услови, меѓутоа неговиот трансфер не се реализираше затоа што клубовите не ги средија документите навреме.
ПСЖ и Челси договорија позајмица до крајот на сезоната, но потоа клубовите не ги подготвија документите, па Зијеш залудно претходно беше и на медицински прегледи.
Француските медиуми пишуваат дека грешка направиле главните луѓе на Челси, а во ПСЖ се лути поради тоа и најавија тужба.
Зијеш ќе мора да остане во Челси до јуни, по што дефинитивно ќе си замине од клубот.