Зинченко имаше емотивно интервју: Ќе загинеме, ама нема да се предадеме!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер сити, Александер Зинченко привлече големо внимание на светската јавност со неговите изјави за војната меѓу Украина и Русија.

Од самиот почеток на нападите на Русија на неговата земја, Украинецот е активен во медиумите и на социјалните мрежи, па жестоко го напаѓа Владимир Путин.

Зинченко даде големо интервју за „Би-би-си“, кое го водеше легендарниот фудбалер Гери Линекер.

„Жена ми ме разбуди на полноќ со плачење. Се изненадив кога ми покажа снимки и слики од Украина. Тешко е да се опише чувството. Од тој ден постојано плачам. Престанав да ги бројам деновите. Замислете местото на кое сте пораснале да биде урнато. Да ја немам ќерка ми, ќе се вратев и ќе се борев. Горд сум што доаѓам од Украина. Го познавам својот народ, ќе загинеме, ама нема да се предадеме“, кажа Зинченко.