„Златната топка“ на Меси предизвика бура, но пред 16 години се случи поголем – циркус!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Престижната награда годинава му припадна на Лионел Меси, иако многумина сметаат дека таа требало да ја освои Роберт Левандовски кој имаше фантастична сезона со Баерн Минхен.

„Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот во минатото предизвикуваше многу изненадувања, но и голема борба, па „Франс Фудбал“ посебно ја издвои 2005 година.

Сите очекуваа наградата да му припадне на Стивен Џерард, кој го предводеше тимот до титулата во Лигата на шампиони (ЛШ) против Милан, но на крајот „Златната топка“ ја доби Роналдињо.

Освен Роналдињо, во конкуренција за наградата беа уште и Златан Ибрахимовиќ, Тјери Анри и Анри Шевченко, но конечниот пласман ги изненади сите.

Второто место му припадна на Франк Лампард, додека трет беше Џерард, по што следеа Анри и Шевченко.