Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Малик Бизли, одличниот кошаркар на Минесота тимбервулвс, во последно време привлекува внимание само поради неговите глупави потези.
Судот на сојузната држава Минесота го осуди Бизли на 120 дена затвор поради посед на наркотици, како и украдени предмети кои биле пронајдени во неговиот автомобил.
Сепак, поради соработката со Судот, Бизли доби дозвола да ја отслужи казната по НБА-сезоната, а постои можност и казната да се намали доколку обвинителите се откажат од обвинувањата за дрогата.
На крајот конечниот епилог е дека Бизли најверојатно ќе добие домашен притвор, а неговиот адвокатски тим покажа задоволство поради таквата одлука, која на Бизли ќе му помогне да стане подобар човек.