Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот селектор Благоја Милевски кажа дека со неговите фудбалери пристигнале во Португалија за да победат, иако знаат кој е фаворит во дуелот за пласман на Мундијалот во Катар.
Македонија го игра најважниот натпревар во својата историја, откако во полуфиналето ја совлада Италија со 1-0 во Палермо.
„Знаеме многу добро кој е фаворит во мечот, знаеме која е Португалија и каков е нивниот квалитет. Меѓутоа, Македонија не дојде туристички, туку дојдовме да победиме. Никој не очекуваше да играме во финалето, но потврдивме дека имаме квалитет и заслужено се бориме за настап на Мундијалот“, вели Милевски.
Фото: ФФМ