Зошто Бензема не доби честитка од Роналдо за „Златната топка“!?


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема неодамна ја освои „Златната топка“, а во разговор со новинарите пред почетокот на Мундијалот во Катар кажа дека не добил честитка од неговиот поранешен соиграч Кристијано Роналдо.

Бензема си ја заслужи престижната награда, а еден од новинарите го праша Бензема дали добил честитка од ѕвездата на Манчестер јунајтед.

„Не сум добил никаква порака од него“, кажа Бензема.

Ова е навистина чудно со оглед на фактот дека тие двајца соработуваа одлично во дресот на „кралевите“ од 2009 до 2018 година, а тогаш неколку пати Роналдо ја освои „Златната топка“.

Треба да се спомене и дека Бензема е фудбалер кој најмногу му асистирал на Роналдо во кариерата.