Зошто Бензема веќе три години носи завој на десната рака – вистината е болна (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема постигна два гола во поразот на Реал Мадрид од Манчестер сити (3-4) во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), а еден детал привлече големо внимание.

Навивачите со години наназад навикнаа да го гледаат Бензема, кој носи завој на десната рака, а оваа сезона повеќе пати ја креваше високо во воздух за да прослави гол.

Сè почна на 13 јануари 2019 година кога Реал го совлада Бетис со 2-1, а Бензема почна да се превиткува од болки затоа што го скрши прстот на раката.

Бензема реши да се коцка, па потоа играше против Севиља со специјален завој кој чини 40 евра, а од тој момент постојано игра со него за да го заштити малиот прст во случај на пад.