Зошто биле повредени? Тренинзите на Реал Мадрид се ептен бизарни! 🎥


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Еден Азар како да е проколнат, откако во 2019 година пристигна од Челси во Реал Мадрид затоа што најчесто беше повреден.

Белгиецот се повреди и пред неколку дена и ќе паузира речиси цел месец, откако почуствувал болка во десната нога и не бил способен да го продолжи тренингот.

Овој 30-годишен фудбалер од пристигнувањето беше повреден дури 283 денови и пропушти 50 натпревари во сите натпреварувања.

Сепак, прашањето е зошто се повредуваат фудаблерите? Една снимка која беше објавена на социјалните мрежи покажува дека тренинзите во теретана на „кралевите“ се навистина напорни и затоа се случуваат повредите.