Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Леонардо Бонучи беше прогласен за играч на натпреварот во финалето на Европското првенство против Англија бидејќи постигна гол за израмнување, а потоа беше прецизен и од белата точка.
Неговиот потег при прославата на голот за 1-1 ги заинтересира навивачите што значи бидејќи со рацете ги покажа буквите Л и М.
Симболите се јасни затоа што се посветени на неговите синови Лоренцо и Матео, додека гестот со кружењето на прстот околу устата е посветен кон неговите критичари.
По мечот, Бонучи имаше ново шоу, па најпрво во камерата викаше „Доаѓа во Рим“ и така ги „пецна“ Англичаните, кои сметаа дека „Фудбалот конечно доаѓа дома“ и дека тие ќе го освојат Европското првенство.