Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешната министерка за внатрешни работи на Австралија, Керен Ендруз жестоко се противи на укинувањето на визата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ во јануари беше депортиран од Австралија откако министерот за миграција Алекс Хок процени дека постои „антивкасерско движење“.
Власта во Австралија во меѓувреме ги промени правилата, а во јули беше укинато строгото правило според кое патниците при влегување во земјата мора да покажаат документ за вакцинација.
Политичарката смета дека ова би била „шлаканица“ за вакцинираните граѓани бидејќи Србинот не е вакциниран.
„Зошто би влегол Ѓоковиќ во Австралија? Затоа што има милиони долари? Не би смеело да важи друго правило за него“, вели таа.-