Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфинале на Ју-Ес опен и така постави уште еден рекорд, кој тешко дека некој ќе го надмине во блиска иднина.
Србинот се наоѓа на два меча од освојување на 21. гренслем-трофеј во кариерата, па така би станал рекордер и ќе ги надмине Роџер Федерер и Рафаел Надал.
„Асошиејтед Прес“ објави анализа за тоа зошто Ѓоковиќ е доминантен во светскиот тенис и притоа го објаснија тоа преку изјавите на останатите тенисери, кои не успеаа да го победат Србинот.
„Никој не може да го направи тоа и никој не го направил досега. Постојат осум милијарди луѓе и на никого не му успеа“, пишуваат од агенцијата.