Зошто Јокиќ доби ланец како награда од тренерот Мелоун? (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ постигна 31 поен, 12 скокови и седум асистенции во победата на Денвер нагетс против Вашингтон визардс со 118-104.

Јокиќ го надмина Лука Дончиќ, кој во просек постигнува по 30 поени, 10 скокови и пет асистенции, па така потврди дека има одлична сезона.

Србинот беше одличен и во одбрана, па успеа да запише седум дефанзивни скокови, но и да украде три топки, како и да запише две блокади.

Тренерот Мајк Мелоун е среќен со настапите на Јокиќ и затоа реши да го награди со сребрен ланец, кој е награда за најдобриот дефанзивен кошаркар во тимот.