Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси си замина од Барселона и тоа предизвика големо незадоволство кај навивачите на каталонскиот тим, но никој не е посилен од законите на шпанската Ла Лига.
Меси прифати помала плата за 50 проценти за да остане во Барселона, но долгот на каталонскиот гигант е премногу голем и поради тоа не можеше да го регистрира за следната сезона.
Дел од навивачите се незадоволени и се прашуваат зошто Меси не сакал да игра бесплатно за Барселона ако толку многу го сака клубот, но законите на Ла Лига се јасни.
За да се избегнат било какви малверзации, фудбалерот може да го намали договорот најмногу за 50 проценти од неговиот претходен, па тоа и го направи Меси, но не беше доволно зашто кризата во Барселона е навистина голема.