Зошто многумина велат дека „вистинскиот“ Роналдо е најдобриот досега? (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Малку играчи успеале да го измамат и да го poминат Карлес Пујол, легендарниот капитен на Барселона и долгогодишен член на репрезентацијата на Шпанија.

Многумина велат дека Луис Назарио да Лима Роналдо е најдобриот фудбалер на сите времиња. Неговата позната финта беше нерешлива енигма за сите. Неговата леснотија на постигнување голови беше исто така неверојатна.

Кога на многу борбен и мудар дефанзивец како Пујол му создавате многу проблеми, тогаш нема сомнение дека сте врвен фудбалер. Токму тоа му го направи Роналдо.

Во пролетта 2006. година, Ел Класико се играше на Ноу Камп. Тогаш беше направена култната фотографија од дуелот помеѓу Роналдо и Пујол, како и главниот судија на натпреварот.

Имено, додека Роналдо ја имаше топката во сопственост, Пујол го нападна, но наместо Бразилецот, тој го „покоси“ судијата Луис Медина Канталехо.

Тој натпревар заврши со резултат 1:1. Стрелец за Реал беше Роналдо, додека на другата страна го погоди Роналдињо од пенал. Барса стана шампион на крајот на таа сезона, додека тие исто така ја освоија ЛШ.