Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Премиерлигата донесе одлука од следната сезона да употребуваат ВАР-технологија, откако претходно тоа го направија многу европски лиги.
Управата на Премиерлигата потврди вчера дека навивачите на стадионите ќе може да ја гледаат одлуката на судијата, зашто ќе им биде прикажана снимката од спорните детали и одлуки на големите екрани.
„Премиерлигата реши на големи екрани да ја објасни одлуката од прегледот на ВАР. Гледачите ќе може тоа да го видат и преку апликација на мобилен“, соопштија од Фудбалската асоцијација.
Меѓутоа, неверојатно звучи тоа што на „Енфилд“ и на „Олд Трафорд“ гледачите нема да може да ја видат видео-снимката.
Причината е навистина едноставна и тоа е затоа што стадионите немаат големи екрани, туку обични семафори.