Зошто Реал Мадрид одби да потпише со Кејн?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид можеше да ангажира напаѓач од светска класа, откако си замина Карим Бензема, но претседателот Флорентино Перез реши дека не сака да потпише со Хари Кејн од Тотнем.

„Кадена Сер“ обј ави дека Карло Анчелоти побарал од Перез да потпишат со Кејн пред Англичанецот да се пресели во Баерн Минхен, но неговото барање било одбиено.

Причината за оваа одлука на раководството на „кралевите“ била желбата да потпишат со Килијан Мбапе, кој веќе некое време е незадоволен во ПСЖ.

Мбапе не сакаше да потпише нов договор со парижаните и реши да чека до следното лето, кога ќе стане слободен агент и ќе може да бира каде сака да ја продолжи кариерата.