Зошто Руни го избра бројот 32 и зошто неговото семејство се плаши од тоа?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот репрезентативец на Англија, Вејн Руни од јануари ќе стане нов фудбалер на Дерби каунти, со кој потпиша договор пред неколку дена.

Интересно е тоа што искусниот фудбалер во Дерби ќе го носи дресот со број 32, а причината е едноставна. Спонзорот на тимот е обложувалницата „32Ред“. Тие ќе ја плаќаат неговата плата и поради тоа фудбалерот мора да го носи нивниот дрес.

Сепак, тоа не ја израдува неговата сопруга Колин, која не сакаше никакви договори со обложувалници, посебно кога знае дека Руни троши многу пари во обложувалници.

„Се радуваше на враќањето во Англија, но ова со обложувалницата фрли сенка. Таа и Руни го загрижија семејството поради договорот и сметаат дека тие ќе го вратат на старите навики и обложувањето“, вели близок извор до неговото семејство.