Зубименди открива зошто го одби Ливерпул


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Мартин Зубименди, шпанскиот врскаш кој ова лето пристигна во Арсенал, откри зошто минатата сезона го одби трансферот во Ливерпул и одлучи да го почека повикот од Лондон. Неговата одлука се покажа како исправна – Зубименди стана клучниот дел од машинеријата на Артета и еден од најзаслужните што Топчиите моментално се на врвот на Премиер лигата.

Зубименди минатото лето беше пред вратите на Анфилд. Ливерпул ги договори сите услови со Реал Сосиедад и изгледаше како сигурна дестинација за шпанскиот репрезентативец.

Дури, според пишувањата на англиските медиуми, 26-годишникот тогаш му дал и збор на клубот на Клоп дека ќе потпише.

Сепак, во последен момент одлучи да остане во клубот каде што се развивал, Реал Сосиедад, и го одложи трансферот за една година.

Денес, во дресот на Арсенал, објаснува зошто тогаш го променил мислењето.

“Кога ќе пристигне некоја понуда, првото прашање што си го поставувам е – дали да останам во Ла Реал. Тогаш едноставно не беше вистинскиот момент,” изјави Зубименди за The Guardian.

“Останав и тоа беше тешка сезона, но многу научив. Сакав да преземам поголема одговорност откако некои играчи си заминаа. Секогаш се обидував да го изберам вистинскиот момент и среќен сум како се одвиваше сè на крајот.”

“Го следев Арсенал и ми се допаѓаше сè што гледав – страс, младост, енергија на тимот. А кога ќе ти се јави Артета… ако некогаш си разговарал со него, знаеш колку може да биде убедлив,” рече со насмевка.

“Тој е опседнат со фудбалот, сака да има сè под контрола, извлекува максимум од секој детал. Има исклучително јасна визија, а предлогот што ми го понуди беше најдобриот за мене.”