Зума шутираше мачки, па сега не може да крене глава од проблеми!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Вест хем, Курт Зума направи голема глупост, кога шутна мачка, а снимката се појави на социјалните мрежи и предизвика револт кај навивачите, кои скапо го чинеа фудбалерот, но и неговиот клуб.

Најпрво „Адидас“ ја прекина соработката со него, а потоа клубот го казни со одземање на двенеделна плата, а потоа „чеканите“ дознаа нов проблем.

Еден од спонзорите на тимот, „Виталити“ реши да го суспендира договорот со тимот од Лондон, а засега не е познато на колку долг период.

„Вознемирени сме поради снимката која се појави и потегот на Зума. Ние го осудуваме насилството над животните и разочарани сме поради тоа што на реагираше клубот како што треба. Поради тоа го суспендираме договорот со нив. Во зависност од следните потези на тимот, ќе донесеме одлука за иднината“, соопшти компанијата.